Извозот на македонските компании од први јануари 2015 година ќе биде далеку поконкурентен, особено во земјите од ЕУ бидејќи ќе нема царини, а ќе почне да се применува и Регионалната конвенција за пан-евро-медитерански преференцијални правила кои се однесуваат на потеклото и се базирани на билатералните протоколи потпишани меѓу државите-партнери. Периодот на адаптација на компаниите е 2013 и 2014 година, а најголемата предност за фирмите и индустријата е што со примената на оваа Конвенција ќе можат да се користат суровини и репроматеријали од трети земји за производство на домашни производи. Тоа значи дека кај различни производи ќе има дозволен процент на употреба на репроматеријали, но крајниот производ ќе биде потпишан како производ од Македонија, исто како да се употребени репроматеријали од домашно потекло. Конвенцијата ќе овозможи досегашните 60 билатерални договори да бидат заменети со единствен правен инструмент, а тоа е токму Регионалната конвенција за преференцијални правила за потекло.
Извозот на македонските компании од први јануари 2015 година ќе биде далеку поконкурентен, особено во земјите од ЕУ бидејќи ќе нема царини, а ќе почне да се применува и Регионалната конвенција за пан-евро-медитерански преференцијални правила кои се однесуваат на потеклото и се базирани на билатералните протоколи потпишани меѓу државите-партнери.
Периодот на адаптација на компаниите е 2013 и 2014 година, а најголемата предност за фирмите и индустријата е што со примената на оваа Конвенција ќе можат да се користат суровини и репроматеријали од трети земји за производство на домашни производи. Тоа значи дека кај различни производи ќе има дозволен процент на употреба на репроматеријали, но крајниот производ ќе биде потпишан како производ од Македонија, исто како да се употребени репроматеријали од домашно потекло.
Конвенцијата ќе овозможи досегашните 60 билатерални договори да бидат заменети со единствен правен инструмент, а тоа е токму Регионалната конвенција за преференцијални правила за потекло.
Како што појасни Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора, се работи за полиберални правила за потекло на стоките, а тоа ќе им даде можност на македонските производи да се извезуваат без царина и да бидат далеку поконкурентни на пазарите.
- Покрај оваа предност, примената на Регионалната конвенција ќе овозможи поттикнување на развојот на одредени индустриски гранки, земјоделскиот сектор, но и продлабочување на економската соработка со земјите-потписнички на Конвенцијата, а македонските производи ќе можат да се стекнат со сертификат за квалитет ЕВРО 1-кажа Георгиева по вчерашниот состанок со компаниите и претставниците на Министерството за економија.
Во овој сложен процес треба да се вклучат и македонските компании, кои во наредните две недели треба да ги достават своите предлози за измени на преференцијалните правила на потекло. Во меѓувреме во следните две години ќе се изврши ревизија на досегашните билатерални договори, оти целта на оваа Конвенција е да ги обедини земјите од Западен Балкан, ЕУ, Турција, ЕФТА и земјите од Медитеранот.
Сите земји-потписнички ќе ги разгледаат постојните правила, но и ќе предложат нивна ревизија, која ќе биде во согласност со согледувањата за зголемување на конкурентноста на производите.
Како што појасни претставникот на Министерството за економија, Илир Шабани со примена на Регионалната конвенција овие земји ќе имаат заеднички правила за потекло. Тоа значи дека досегашните договори за слободна трговија кои се потпишани помеѓу овие земји ќе се коригираат и во сите договори ќе стои дека ќе важат новите пан-евро-медитерански преференцијални правила за потекло.
- Доколку увеземе млеко од друга држава, а произведеме сирење или кашкавал тогаш финалниот производ на пазарот на ЕУ ќе се појави како македонски производ-појасни Шабани и додаде дека слично ќе биде и за производството на шеќер, земјоделските производи, текстилот, кондиторската индустрија и црната металургија.